Политика за начин/услови за поврат на средства

 

Нашата компанија се стреми да обезбеди сигурна, навремена и квалитетна услуга за превоз на патници со автомобили, комбиња и автобуси.
Поврат на средства е возможен под следните услови:
  • Доколку резервацијата се откаже наjдоцна 48 часа пред закажаниот термин, клиентот има право на целосен поврат на средствата.
  • За откажување подоцна од 48 часа пред поаѓање, се задржува 50% од износот за административни и организациски трошоци.
  • Во случај услугата да биде откажана од наша страна, клиентот има право на целосен поврат на уплатените средства или пренасочување на друг термин.
  • Повратот на средства се врши на истиот начин на кој е извршено плаќањето, во рок од 5–10 работни дена.
  • За дополнителни информации или барање за рефундација, клиентите може да не контактираат преку телефон или е-пошта.

Со користење на нашите услуги, клиентот се согласува со наведените услови за поврат на средства.